Фестивалот на нов германски филм почнува во петок

Во петок (10 октомври) во киното Милениум ќе биде отворено јубилејното, десетто издание на Фестивалот на новиот германски филм во Македонија.

Фестивалот на нов германски филм се отвора во петок

На отворањето, од 20.00 часот, ќе биде прикажан филмот „Два Живота“ на режисерите Georg Maas и Judith Kaufmann.

Филмовите, покрај во Скопје („Милениум“ и „Фросина“) ќе се прикажуваат и во Скопје, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Струмица, Велес, Куманово и Охрид. На репертоарот се остварувања од поновата германска продукција: „Стутник“, „Мажите на Емден“, „А утре напладне сум мртва“, „Родители“, „Паркот на среќата“, „Рики“.