„Фестивалот ќе биде продуциран како во салата да има публика“ – Трето издание на Fusion Festival

Вечерва се одржува третото издание на Фјужн Фестивал (Fusion Festival part 3). Со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ ќе се слушнат македонските диџеи Ампов, WISH.CO и Зоки Бејбе.

Фестивалот ќе може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на  официјална Facebook страница.

„Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival и Спектаклум ви носат уште една незаборавна вечер, која во конкретните услови е од голема важност за публиката, но и  еден вид помош за македонските артисти“, стои во најавата за настанот.

Организаторите велат дека фестивалот ќе биде продуциран и организиран како во салата да има публика, за сите оние што ќе го проследат да имаат чуство дека се присутни на самото место.