Фестивалот „Инфјужн“ денес продолжува со целодневна програма во Парк „Македонија“

На „Инфлужн“ (Infusion) – фестивалот на инклузија, денеска (сабота, 14 август) ќе има целодневна програма со забава, гејминг, танци и вечерни журки. Се’ ќе се случува во Парк „Македонија“ во Кисела Вода.

Програмата почна утрово од 10 часот со едночасовни утрински вибрации – латино танци за будење. Воедно во сенките од 10 до 16 часот има пиење кафе, слушање музика и читање книги, но и „Инфјужн базар“ – активизам и култура.

Потоа отвора 2-дневен гејминг и друштвени игри за сите (плејстејшн, прототипирањ игри, Dungeons and Dragons), па следуваат два форуми, од кој едниот (18 часот) за млади музички бендови и изведувачи со Петар Младеновски од „Суперхикс“.

На крајот, од 19 часот стартува главната музичка вечер со „Колектив Ветерница“ со музичкиот перформанс „Божествена рапсодија“ и потоа музика од Миа Перевска, „Занаду“, „Дактили“, „Цар вон тајм“, „Фикшн“ и „Брејдаун бенд“.

Од „Икуалити“ (Equality), организацијата што стои зад фестивалот, информираат дека претходно – вториот ден донел експлозија на креативност, емоции и поврзување.

Денот започна со танцова работилница германско-австралиското дуо SKIN, кое ни покажа како телото зборува на универзалниот јазик на движењето. Ја поттикнавме креативноста преку работилницата за изработка на ликoви од чорапчиња, каде секој учесник создаде свој мал јунак. Две претстави со силна порака не натераа да погледнеме подлабоко кон прифаќањето и убавината на различноста. А поезијата, интерпретирана со душа, беше тивок крик што допре до сите нас. Вечерта беше резервирана за емотивното свечено отворање на фестивалот, каде ги доделивме признанијата Шампиони на инклузија, симбол на благодарност за оние чии заслуги покажуваат дека човечноста, хуманоста и солидарноста се она што не’ движи напред“, соопштија од „Икуалити“.