Фестивалот Burning Man со издание и во Европа

Европскиот континент добива своја верзија на познатиот фестивал на креативна култура Burning Man, кој годинава за прв пат, освен во Невада, ќе се одржи и во Холандија.

Организиран од непрофитна компанија која соработува со оригиналниот фестивал кој се одржува во Невада, Burning Man Холандија ќе се случи во Велуве, од 20 до 31 јули. Дел од настанот ќе биде и Where the Sheep Sleep, тридневен „настан воден од учесниците“, што значи дека нема да има публика, и секој кој е вклучен ќе биде одговорен за своето искуство.

Burning Man NL има за цел да ги донесе идеалите и филозофијата на „својот американски брат“ во Холандија.

„Burning Man Холандија ќе ги донесе искуствата на луѓето на грандиозни, вчудовидувачки и весели начини кои го подигаат човечкиот дух, упатуваат на социјалните проблеми и инспирираат смисол за култура, заедница и културно ангажирање“, пишува на веб страницата.

За да присуствуваат, заинтересираните мораат прво да станат членови на Фејсбук групата на Burning Man NL, а потоа да се регистрираат за членство на настанот. Само регистрираните ќе можат да набават билет кога ќе бидат пуштени во продажба.

„Burning Man не е фестивал. Тоа е катализатор за креативната култура на светот“, се наведува на официјалниот сајт.

Извор: Pulse Radio Net