Фестивалот „Бош“ во Гевгелија ќе се одржи од 22 до 24 август

Од 22 до 24 август, на неколку локации низ Гевгелија ќе се одржува фестивалот „Бош“. Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни off-mainstream содржини, (професионални и аматерски):  театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни.

Фестивалот „Бош“ во Гевгелија ќе се одржи од 22 до 24 август

 

Меѓу досега потврдените и објавени изведувачи за музичкиот дел од програмата се: Fighting Windmills, K.N.N.T. и Sugar Factory.

Еве што велат организаторите за фестивалот:

БОШ ФЕСТИВАЛ – е мултимедијална платформа, низ која се слави креативниот израз во урбан контекст. Или поинаку кажано, БОШ е обид за естетизирана артикулација и осмислување на т.н. ‘додадена вредност’ на урбаната култура…

БОШ е процес на создавање на еден типично-поразличен, несекојдневен и неконвенционален, јавен_простор… Простор, кој постојано се ре-дефинира, преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст… Простор, кој е доволно оргинален и опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и/или контроверзен… Но пред сè, отворен и достапен за секого!
БОШ е ‘инвазија врз духот’, акт за маркирање на културно-естетска, ‘слободна територија’! БОШ е и фузија и конфузија, и сензибилизација и вулгаризација! БОШ е меѓупростор кој поврзува, во потрагата по своето време и потреби…

Затоа, доколку се сметате себеси за доволно слободни и креативни, и пред сè, со широко отворена душа, Гевгелија е вистинското место за вас од 22 до 24 август 2014 година. На неколку локации во централното градско подрачје, ќе се случува БОШ-2014 (точните детали околу локациите и времето ќе следуваат дополнително).
Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), како на пример театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани се бесплатни…

Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку блиски пријатели.

Извор