Фестивали „Мултикултиватор“ и „Добра идеја“ на 16 мај

Во „Биртија паб“ во четврток (16 мај) ќе се одржат два мини фестивали во организација на здружението „КУЛТИ ВАТОР“.

„Десетина артисти и бендови на едно место со безплатен влез за сите кои сакаат да присуствуваат“, повикуваат од здружението.

Стартот за фестивалите „Мултикултиватор“ и „Добра идеја“ (реге едиција) е закажан за 20 часот.

Настапуваат: ЅРЕТИ, ЗУЛУ 3.4, Диџеи-Агнеса Ч. Раста Гирл, Чарлито, Регесаурус Гето Руди, Педро.

Настанот е поддржан од Град Скопје.