Оваа година, четвртото издание на фестивалот за надворешни активности „When in Krusevo 2020“, ќе се одржи од 01 до 10 август насекаде низ Крушево и неговата околина.
Параглајдинг, јавање со коњи, искачување на вештачка карпа – болдеринг и планински велосипедизам (MTB) преку големата велосипедска тура (38 km) и малата велосипедска тура (18 km), но и планинарење и запознавање на крушевската природа преку голема планинарска тура (20 km), мала планинарска тура (8 km), и рекреативнате пешачка тура во и околу Крушево се само дел од активностите достапни на фестивалот.
За љубителите на трчањето, во рамки на When in Krusevo 2020 ќе биде организирана виртуелна трка во два сегмента, „Најбрз/а на 5 километри“ и „Најмногу истрчани километри“.
За трите најдобри резултати, поединечно во планирање, планински велосипедизам, најбрзо трчање на 5km и најмногу истрчани километри, учесниците ќе добијат уникатен медал за прво, второ и трето освоено место со логото нa When in Krusevo.
Tрчањето, велосипедските и планинарските тури се одвиваат во сопствена режија и на сопствен ризик, без групирање согласно објавените рути.
Почитувањето на превентивните заштитни мерки од Covid-19, пропишани од релевантните институции, е задолжително за секој учесник.
При тоа, предвид ќе бидат земени сите безбедносни мерки и протоколи издадени и препорачани од релевантните институции, како користење на заштитна опрема, маски или марами, одржување физичко растојание и задолжителна дезинфекција.
За учество на фестивалот може да се регистрирате на сајтот и да резервирате сместување кај партнери, домаќини и поддржувачи на настанот.