Фестивал на слободата утре во Музејот на Град Скопје

На 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, во Музејот на Град Скопје, од 17:30 до 23 часот, ќе се одржи финалната вечер на овогодинешниот Фестивал на слободата, со кој ЦИВИЛ прославува јубилејни, 20 години од постоењето.

Фестивалската вечер вклучува богата мултимедијална програма: настап на авангардните Фолтин, ДЈ сетовите на Соња Исмаил, Марга Сол, ДЈ Дино, активистички филм-фест на успешни стории што го менуваат светот, изложба на фотографии и уметнички дела, поетско – сценски перформанси и други изненадувања.

Со настанот ќе се испрати силна порака за почитување на човековите права, секаде и без исклучок. Влезот за сите посетители е бесплатен.