Фестивал на органска храна во Градски Парк

На 1-ви и 2-ри септември во Градски Парк кај „Школка“, ќе се одржи Фестивалот на органска храна # 8. Во двата дена, програмата ќе започне во 10:00 часот и ќе трае се до 18:00 часот.

Самиот фестивал вклучува богата интерактивна програма, во која ќе има организирано и едукативни работилници кои имаат за цел запознавање на што поголем број на граѓани со производите со органско потекло, како во делот на храната и пијалоците, така и во делот на козметиката.

Овогодинешниот Фестивал брои повеќе од 20-тина органски производители и изложувачи на органски производи, надополнет со интерактивна програма, музика, дружење.

Органзаторот на настанот повикува на поголемо присуство со цел „подигање на свеста за здравиот начин на исхрана и градење на здрави животни навики“.