Фестивал на новиот германски филм од 5 до 9 октомври во Скопје

Амбасадата на Сојузна Република Германија по 12-ти пат го организира Фестивалот на новиот германски филм. Годинава, тој ќе се одржува од 5 до 9 октомври, во кино Милениум и Фросина.

Мото на фестивалот е „Сакам филм“, а ќе започне со филмот „Мед во главата“, траги-комична приказна за животот со Алцхајмерова болест. Тој ќе се прикажува во среда (5 октомври), во кино Милениум, со почеток во 20 часот.

Наредниот ден, проекциите продолжуваат во кино Фросина, каде ќе се прикажува драма-комедијата „За една девојка“, посветен на петнаесетгодишната Чарлин (Јасна Фрици Бауер), аутсајдер, која се соочува со проблемите во текот на созревањето и единствениот излез го гледа во одземањето на сопствениот живот. Проекцијата на овој филм ќе се одржи во 19 часот.

Во продолжение, целосната програма со филмови и нивниот распоред:

Фестивалот кој создаде традиција на прикажување современи германски филмови, изминатите неколку години реализираше и турнеи со дел од филмовите во други града низ Македонија.Турнерјата ќе се одржи и оваа година, со почеток од 10 октомври во Куманово, за потоа да продолжи и во Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Тетово, Струмица и Штип.