Фестивал на музика од светот во Битола од 5 до 6 ноември

Во организација на НУ Центар за култура Битола на 05 и 06 ноември ќе се одржи седмото издание на Фестивал на музика од светот.

Оваа година дел од програмата се врвни музички имиња: Керем Горсев, џез пијанист од Турција, кој ќе настапи со своето трио, придружуван од Камерниот Оркестар на Битола, а под диригентската палка на Сашо Татарчевски. На фестивалот ќе настапува и светската ѕвезда Наташа Атлас, која ќе има промоција на својот нов албум.

Исто така, дел од програмата е и промоцијата на новиот албум на групата Љубојна – Шербет Љубојна издаден од ЦК Битола.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на РМ, Турскиот културен центар Јунус Емре, Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, Францускиот Институт и Француската Алијанса.