„Фестивал на книгата“ од 7 до 12 септември во Скопје

Под мотото „Скопје чита“, од 7 до 12 септември во Скопје ќе се одржи „Фестивал“ на книгата, како продолжение на двете пандемиски изданија на Саемот на книга на отворено. Фестивалот ќе ја задржи истата локација, односно отворениот простор во комплексот СЦ Борис Трајковски.

Фестивалот ќе биде проследен и со музичка програма во попладневните часови, а се очекува да се претстават триесеттина издавачки куќи.

Организаторите истакнуваат дека мотото „Скопје чита“ е инспирирано од податокот дека стапката на читаност е значително зголемена во последните две години.

Тие додаваат дека очекуваат околу 15.000 посетители, кој ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, како и книги за млади и деца.

Работното време на фестивалот ќе биде од 10 до 20:30 часот, а билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот по цена од 50 денари.