Фестивал на изведувачки уметности и добри практики во сабота во МКЦ

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) заедно со партнер-организацијата Центар за изведувачки уметности МУЛТИМЕДИА од Скопје, организира Фестивал на изведувачки уметности и добри практики „Be Creative, Be Interactive, Be Interethnic“.

Манифестацијата ќе се одржи на 19 септември (сабота) во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток од 10:30 часот.

Фестивалот е резултат од реализираните креативните работилници од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

„Овие креативни процеси, низ кои поминуваа средношколци од Р. Македонија, во изминатите четири години, имаат за цел да го зајакнат учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ги зголемат граѓанската свест и почитувањето на човековите права меѓу младите луѓе во Македонија преку креативне пристап и израз (користење на уметноста,социјалните медиуми и новите технологии (Театар, филм, тѕанц, визуелна уметност, фотографија, Интернет, Фејсбук, Твитер, MySpace, блогови итн.).

Овој фестивал има за цел да биде практичен и добар пример на оние кои сакаат на креативен начин да работат со младата генерација. Рамката на работа која се употребуваше во креативните процеси во овој проект, може да функционира како насока за слични иницијативи и во иднина.

Фестивалот е наменет на оние кои веруваат во креативноста и во користењето на уметноста, како потенцијал кој може да го придвижува општеството во некакви позитивни насоки. Направен е и за оние кои веруваат во потенцијалот на младата генерација и кои веруваат дека со насочување на креативниот потенцијал кој го поседуваат младите, низ добро обмислени и дефинирани методологии, може да се прават промени“, стои во соопштението.