Фестивал на филмско сценарио „Скрипт фест“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија од 10-ти до 12 ноември ќе се одржува меѓународниот фестивал на филмско сценарио „Скрипт фест“ на кој ќе бидат доделени традиционалните награди за исклучителен филмски ангажман и придонес.

Наградата „Скрипт Мост” годинава ќе му припадне на Душан Макавеев за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности, а наградата „Скрипт Фест” за режија и сценарио на голем број филмски остварувања ќе ја добие проф.д-р Владимир Блажевски, соопшти Културниот центар „Феникс“.

Проф.д-р Мишо Нетков е добитник на наградата „Скрипт Феникс” за потврдени резултати на планот на документарниот филм, додека наградата „Скрипт Презент” ќе му биде доделена на Тони Цифровски за повеќегодишен критичарски ангажман и придонес во филмската уметност.