Фестивал на електронска музика во Кичево

На Китино кале во Кичево, вечерва ќе се одржи седмиот по ред фестивал на електронска музика „Калефест“.

На годинашното, седмо издание на фестивалот, е најавен настапот на балканската електронска ѕвезда Марко Настиќ, потоа Флудер, Видиновски, ME.N.U, Димитри_МК, Роботникс, Марјан Виторијоски, Спектромански, Милан и Ултимуса, Станко Стевановиќ.

Фестивалот се одржува во организација на „ДБР ГРУПА“ во соработка со кичевските клубови „ИМИЏ“ и „МААЛО“, локалната самоуправа и приватниот сектор.