Фестивал „ArtАrea“ – културна артерија на градот

Фестивалот ArtArea кој ќе се одвива во Кино Култура од 22-24 декември (петок до недела) во организација на издавачката куќа Бегемот е време-место на поврзување на различните уметности – книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство…

Во текот на трите фестивалски дена ќе бидат претставени внимателно одбрани плодови на десетици културотворци.

Денеска на програмата од 10 часое е отворање на саемот на книгата, базарот на ракотворби и изложбата на фотографии. Исто така, отворање на изложбата „Полска. New public life“, а потоа и книжевна вечер од 20 часот и џез концерт на „Летечки пекинезери“ и дизеј сет на Бојан Чакра од 21:30 часот.

Во сабота има најавено настан „Време и беспаќа“ – анимација за возрасни, но и дискусија архитектурата и културата, музичко-поетски перформанс и за крај од 22 часот проекцијата на документарниот филм „Жозе и Пилар“.

За последниот ден, 22 декември, се најавени класици на анимацијата за деца, а од 18 часот театарската претстава „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Горјан Аревски. Од 20 часот започнува роденден на Кино Култура.

Целата програма може да се види ТУКА.

Влезот за сите настани е бесплатен.