Фестивал „Алтернативно Скопје #4“ на платото пред МКЦ

На платото пред МКЦ на 30 јуни од 19 часот ќе се одржи „Алтернативно Скопје #4“ – концерт на отворенo на шест бендови, во организација на „Млади за Скопје“.

На настанот настапува „Angza“ – крашер-краст/панк бенд формиран оваа година, составен од членоите на „Desease“ и „Born For Slaughter“. Понатаму, настапува „Man In a Suit“, македонските Morphine кои пред скопската публика ќе се претстават со доживеете нивниот најспецифичен и естетски филинг преку нивната маѓепсувачка музика.

Меѓу листата на бендови е „Conspiracy“, победници на фестивалот „Лузерфест“ и окарактеризирани како „најнадежниот млад македонски состав“. Најголеми влијанија им се „Metallica“, „Sanatorium“ и „Lamb O fGod“.

На платото пред МКЦ ќе свират и „ИлузијА“ – нов даркерски бенд формиран во Кратово. Според организаторите, тие ќе изненадат со уметничка длабочина и осмисленост на целиот сценски концепт.

Најавени се и „Морфеј“, кумановски состав кој на фестивалот ќе се претстави и со новиот член (басистот Теодор Јефремовски). Организаторите велат дека аудиториумот ќе биде трогнат со нивната искреност и со специфичен музички стил.

Листата на бендови ја заокружува „Tonal“, млад и извонреден артист кој публиката треба да ја остави воодушевена од неговиот перформанс.

Влезот за „Алтернативно Скопје #4“ е слободен. Поддршка на бендовите ќе можете да се даде преку донации.