„Феминизам 101“- целодневен настан во недела посветен на феминизмот

„Феминизам 101“ е целодневен настан организиран од Младински Образовен Форум кој ќе се одржи во недела (29 март), на Правниот факултет (Амфитеатар 1).

Настанот претставува целодневен тренинг на кој ќе бидат одржани обуки од областа на феминизмот. Академци и активисти ќе го споделат своето знаење и искуства за појавата и влијанието на феминизмот, развојот и видовите на феминизам и значењето на феминизмот во поп културата. Дополнително настанот служи како обука за дебатерите кои се подготвуваат за престојното Национално дебатно првенство.

Влезот е слободен, а сите заинтересирани за учество може да се регистрираат на следниот ЛИНК.

Инспирацијата за настанот е поттикната од желбата да се информираат граѓаните на тема која е малку застапена во општествениот дискурс а нејзиното значење опфаќа една од најсуштинските проблеми во општеството – еманципација на жената.

Почетокот на настанот е најавен во 12:00 часот, а во продолжение погледнете ја целосната агенда и соговорниците.

Агенда за настанот:

12:00 – 12:30 |Регистрација
12:30 – 13:15 |Појава и влијание на феминизмот
Проф. Д-р Каролина Ристова Астеруд
13:15 – 13:30 I Пауза
13:30 – 14:15 |Развој и видови на феминизам
Ана Василевска – Бори се женски
14:15 – 14:45 I Пауза
14:45 – 15:30 |Феминизмот во поп културата
Марина Трајкова – ЛезФем
15:30 – 15:45 I Пауза
15:45 – 16:45 | Како да дебатираш на феминистички тези
Младински образовен форум