„Фејтлес“, „Моторхед“, „Бастил“ – „Eгзит“ започна да ги споделува онлајн досега необјавените настапи

„Егзит“ фестивал деновиве започна со онлајн прикажување на најдобрите настапи изминативе години, со цел на многумина да им помине полесно останувањето дома за време на вонредната состојба.

Десетици илјади луѓе од сите земји од регионов и Европа, вклучувајќи ја и најтешко погодената Италија, во изминатите неколку дена, преку интернет веќе започнаа да ја следеат специјалната програма на ЕГЗИТ Фестивалот која почнува секоја вечер симболично во 20:20.

Досега можеа да погледнат „бек-ту-бек“ сет од 2015 година кој го сочинуваат диџејското дуо Адам Бејер (Adam Beyer) и Џозеф Каприати (Joseph Capriati)! Покрај никогаш досега објавените фестивалски настапи, дел од оваа програма на социјалните мрежи се и водечките регионални диџеи кои настапуваат со директен пренос од своите домови. Исто така, како еден вид поддршка на повозрасните сограѓани во Србија, организирана е и волонтерската акција „Супер Комшо“, во која младите сограѓани организираат набавка на намирници и лекови, но и го фрлаат сметот и помагаат на своите, најзагрозени соседи.

Специјалната програма започна во четвртокот со досега необјавениот, историски концерт на групата „Фејтлес“ (Faithless). За овој настап владееше исклучително голем интерес откако оваа култна група во 2015 година настапи на главната бина на фестивалот.

Во меѓувреме емитувани се, досега необјавените настапи на легендарната група „Моторхед“ (Motorhead), британскиот маг на бас музикат Даб Еф-Екс (Dub Fx), а премиерно беше прикажан и настапот на регионалните техно-асови Младен Томиќ и Синиша Тамамовиќ, додека во живо од својот дом настапи и еден од најбараните продуценти од регонов, Ендру Мелер (Andrew Meller).