Фејсбук вработува 3 000 луѓе во активностите на оперативниот тим со цел да спречи ширење на говор на омраза, злоупотреба на деца и самоубиства на својата веб-страница.
Извршниот директор, Марк Закерберг рече дека бил потресен што гледа како луѓе се повредуваат себеси, но и други, додека тоа го пренесуваат во живо на Фејсбук.
Тој вети дека ќе направи да биде полесно пријавувањето на проблематичните видеа.
Овој потег доаѓа по многуте случаи на убиства и самоубиства кои се пренесуваа во живо на социјалната мрежа.
Во април, видеострим прикажа убиство на човек, подоцна, истиот месец, маж од Тајланд го пренесуваше во живо убиството на својата мала ќерка, а потоа како тој самиот се самоубива.
Закерберг вели дека дополнителниот тим, кој ќе се приклучи на досегашните 4 500 вработени во заедницата, ќе и помогнат на компанијата побрзо да одговора кога се пријавуваат несоодветни содржини.
Во објава на Фејсбук, тој соопшти дека компанијата ќе развие нови алатки за справување со милионите пријави за содржини што ги примаат секоја недела.
„Ние ќе направиме пријавувањето да биде полесно и побрзо, за нашите прегледувачи да одлучат кои објави ги нарушуваат нашите стандарди и така ќе биде полесно за нив да ги контактираат правните служби ако некому му треба помош“, рече тој.
„Само минатата недела, добивме пријава дека некој на Live размислувал да се самоубие. Ние веднаш се обративме до правните служби, и тие беа во можност да го спречат да се повреди“, рече Закерберг.