Фејсбук води евиденција за вашите чувства преку новите опции за емоции

Социјалната мрежа Фејсбук го надгради копчето „Ми се допаѓа“ со избор на нови емоции. Сега може да изразите љубов, да бидете тажни, насмеани или лути преку лајковите, веројатно најпопуларната опција на Фејсбук.

Отсекогаш постоеле ситуации кога не се баш позитивни и корисниците се двоумеа дали треба да стиснат лајк па сега со новата опција се добива избор на емоции со кои може да се реагира.

Но она што треба да се запомни, според онлајн магазинот Mic, е дека со емоционалните изрази на оваа опција, Фејбук може да добие многу повеќе информации со кои може да не манипулира и да ни води евиденција.

Фејсбук потврди за Mic дека ќе ги користи податоците кои ги собира преку користењето на новите емоции за да го менува вашите новости (News Feed) и да научи повеќе за она што ви се допаѓа.

Фејсбук постојано се обидува да сфати што ве држи врзани за мрежата – секој лајк, секое споделување и секој клик или реакција носи повеќе податоци за алгоритмите на мрежата. Слично на едно дрво кое ги шири корењата се подлабоко и подлабоко и со секоја интеракција Фејсбук ве знае се повеќе. Дали повеќе го сакате Берни Сандерс или Доналд Трамп или пак модата наместо зеленото живеење?

Фејсбук го знае ова за вас и ќе ги користи информациите за да ви ги прикаже вестите кои мисли дека сака да ги видите.

Овие промени го менуваат начинот на кој медиумските организации ги дистрибуираат важните информации и влијаат на тоа како политичките кампањи ги градат нивните пораки. Може да имаат влијание дури и на тоа кои кандидати ќе добијат поголема публика, пишува Mic.

Вашите Фејсбук новости може да бидат извор на инспирација. Може да ве информираат, да ги предизвикаат вашите политички убедувања или да ве изложат на нова уметност и идеи. Но главниот интерес на Фејсбук е да го задржи вашето внимание е да ве задржи на кликање и скролање. Треба да ве задржи што повеќе на мрежата, за најчесто да завршите како бескрајно барате нешто интересно.

Ги забележувате видеата кои ги гледате во последно време? Фејсбук сфати дека видеата го задржуваат вниманието на луѓето и сега ви постира се повеќе видеа отколку стории. Затоа сега вашите новости се полни со клипови за храна и едноминутни сегменти кои ги сумираат најважните дневни вести.

Социјален инжинеринг и игра со вашите емоции – знаеме со години дека Фејсбук е заинтересиран за манипулирање со емоциите за да се влијае на однесувањето на корисниците.

Во 2014 година, Фејсбук објави истражување откривајќи дека компанијата намерно го менувала њуз фидот на околу 700.000 корисници за да види дали ако им покаже посреќна или повознемирувачка содржина, тоа ќе влијае на нивната емоционална состојба. Студијата предизвика бес и едвај покажа дали промените влијаеле на однесувањето на корисниците.

Сега Фејсбук добива уште подлабок увид од било кога. Мерењето лајкови е дел од старата школа, сега Фејсбук сака да знае како се чувствувате. Мрежата сака да знае дали политиката ве онерасположува или отворени изрази на анксиозност ве вознемируваат. Фејсбук сака да знае што почнува да го пумпа вашиот допамин.

Ако целта на Фејсбук е да го смените вашето однесување, тие треба да го знаат вашиот психолошки одговор на фотографиите и видео снимките на ист начин како што тутунската индустрија треба да ја знае хемијата на мозокот на луѓето при изборот на адитиви за цигарите. Фејсбук за да се натпреварува со Snapchat и Твитер, треба да им „додаде вода“ на своите алгоритми со нешто подобро а вашите чувства се суперхрана за тоа.

Дали ова е нова форма на надзор? Циниците можеби ќе речат не, затоа што на тоа сте се согласиле кога сте го креирале вашиот профил и сте ги прифатиле условите. Но сепак, доколку сакате да дадете отпор кон Фејсбук, има подобар начин отколку да го избришете вашиот профил – едноставно не ги користете новите емоции.

Продолжете со користење на лајкот. Бинарните избори со „да“ и „не“ се доволно добри за да кажете „сакам да гледам повеќе од ова“ без да му давате квалитативна мерка на алгоритмот да ги мери вашите емоции.

Извор: mic.com