„Фејсбук“ создава нов „Инстаграм“ наменет за деца под 13 години

„Фејсбук“ создава верзија на „Инстаграм“ специфично наменета за деца под 13 години, кои моментално не можат ја користат главната апликација, известува „Индипендент“.

„Возбуден сум бидејќи одиме напред, ја ставивме  работата со млади како приоритет за „Инстаграм“. Ќе создадеме нова младинска платформа која ќе се фокусира на две работи – безбедноста на децата и кориснички услуги за децата под 13 години кои не се во можност да користат „Инстаграм“, напишал Вишал Шах, потпретседател на апликацијата, во писмо за интерна корпорациска коминукација.

Одговорни за новата младинска апликација се Адам Мосери и Павни Диванџи кој претходно го предводел проектот на „Гугл“ за младинска верзија на „Јутјуб кидс“.

Мосери истакнал дека компанијата добива сè повеќе апели од деца кои сакаат да го користат „Инстаграм“ но возрасната граница е голем предизвик за компанијата. Оттаму велат дека сè уште немаат детален план за како ќе се развива нивниот иден проект.

„Работиме многу, дел од решението е да се создаде верзија за млади каде родителите ќе имаат контрола и ќе сведочат за транспарентноста. Тоа е една од опциите кои ги разработуваме“, додал тој.

Вестите за младинска „Инстаграм“ платформа се резултат на претходната одлука на компанијата според која возрасни и деца не можеа да комуницираат преку апликацијата, а се користеше и вештачка интелегенција која ги охрабруваше младите корисници да користат затворени профили.

„Инстаграм„ долго време се бореше со сексуалните злоставувачи на платформата, а се забележуваше и раст на педофили кои ја користеа социјалната мрежа за полесно да стигнат до децата.

Според скорешно истражување на компанијата „пКлауд“, „Инстаграм“ е најинвазивната апликација за која се смета дека собира 79 отсто од податоците на корисниците како историјат на пребарување, локација, контакти и финансиски податоци и ги споделува со трета страна.