Фејсбук со нов Месинџер Лајт за телефони постар Андроид оперативен систем

Фејсбук има нова, „лајт“ верзија на својата апликација за пораки, која им овозможува на корисниците со побавни телефони и лоша интернет конекција полесно да комуницираат на социјалната мрежа.

Апликацијата е помала од 10 мегабајти, а ги вклучува основните функции на Месенџер, како праќање и примање текстуални пораки, фотографии и линкови, како и стикери. Како и апликацијата Фејсбук Лајт, Месенџер Лајт ја има истата комбинација на бои, но во обратен редослед: има бела позадина со сино лого.

Сепак, апликацијата не е достапна за сите телефони. Исто како и Фејсбук Лајт, апликацијата не може да се инсталира на iOS оперативен систем.

Иако Фејсбук нема потврдено, се претпоставува дека една од придобивките на користење на „лесната“ верзија од апликацијата за пораки, ќе биде подолго траење на батеријата на телефонот. Фејсбук Лајт апликацијата ја штеди батеријата значително повеќе од стандардната Фејсбук апликација.

Фејсбук Месенџер Лајт најпрво ќе се тестира во Кенија, Тунис, Малезија, Шри Ланка и Венецуела. Ќе биде лансиран во другите земји во наредните месеци, објавуваат од компанијата преку блог пост.