Фејсбук сега нуди 50 опции за избор на пол

Фејсбук соопшти дека ќе им дозволи на корисниците повеќе опции за избор на својот пол, откако компанијата се консултирала со организации кои ги застапуваат правата на трансродовите лица. На најголемата социјална мрежа сега има 50-на опции за избор на полот, меѓу кои и  “bi-gender”, “transgender”, “androgynous” и “transsexual”, кои, според Фејсбук, ќе им овозможат на луѓето „да се изразат себеси на автентичен начин“.

Фејсбук сега нуди 50 опции за избор на пол

Корисниците исто така, отсега ќе можат да изберат дали ќе се претставуваат како „тој“, „таа“, или „тие“.  Новите опции за почеток се достапни само на корисниците кои социјалната мрежа ја користат на американски англиски јазик (US English).

„Ќе има многу луѓе на кои ова не им значи ништо, но за еден помал број од нив, тоа значи навистина многу. “, вели инженерот на Фејсбук, Brielle Harrison.

Потегот го отсликува растечкото влијание на трансродовата заедница во Соединетите Американски Држави, која бара слични граѓански права како и ЛГБТ-движењето. Трансродовиот правен центар од Сан Франциско го поздрави потегот на Фејсбук, оценувајќи дека „многу трансродови лица ќе бидат воодушевени“ од веста.

Според еден извештај на институтот Вилијамс од 2011, се проценува дека  0.3 проценти од возрасните во САД се трансродови лица, односно околу 700.000 луѓе.

Извор: BBC