Фејсбук повторно со цензура, забрани слика со голотија од познат уметник

Фејсбук блокираше реклама на австралиска куќа за аукции, бидејќи објавила дело од познат австралсики сликар на која има голи женски тела.

Сликата изработена со масло на платно на авторот Чарлс Блекман е наречена „Жени љубовници“, а на неа две голи жени спијат на кревет крај мачка.

Куќата за аукции Мосгрин се обидела да ја промовира продажбата на Фејсбук, но социјалната мрежа ја одбила сликата под изговор дека се работи за „продажба на производи или услуги за возрасни“.

Извршниот директор на Мосгрин, Пол Самер, вели дека одлуката е „смешна“.

„Ова е прекрасна слика која не е претерано сексуална во ниту една форма или облик“, изјавил за ВВС.

„Изгледа како да се враќаме во 1950-тите. Смешно е да се цензурира нешто вакво“.

Од Фејсбук велат дека нивната одлука е финална, иако Мосгрин оттогаш повторно ја објавиле рекламата.

Минатиот месец, Фесјбук беше тужен од професот од Франција, откако била избришана неговата објава на слика од гола жена, насликана од Густав Курбе во 19-тиот век.

Самер вели дека „Жени љубовници“ се очекува да се продаде за повеќе од 45 илјади австралиски долари на аукцијата наредната недела.

Уметикот Блекмен, кој сега има 88 години, го опишуваат како последниот херој на големата ера на австралиска уметност. Минатата година, неговата слика „Игра шах“ се продала за 1,78 милиони долари.

„Чарлс Блекман е најценетиот и најпознат жив австралиски уметник“, вели Самер.