Фејсбук Месенџер воведе игра со фудбал по повод Европското првенство

Европското првенство во фудбал и Копа Америка беа инспирација за Фејсбук Месенџер да воведе нова игра, овој пат со фудбалска топка. Играта се состои во тоа што треба да се жонглира топката, без да падна на земја, и е многу едноставна.

Кога ќе падне топката, бодовите се намалуваат. Претходната игра на Месенџер, со кошаркарска доби позитивни критики, со тоа што над милијарда пати беше играна.

Услов за оваа игра е корисникот да ја има најновата верзија на мобилната апликација. Тој праќа емотикон со фудбалска топка и кликнува на топката. За правилата и начинот на игра, повеќе во видеото: