Фејсбук меѓу вработените тестира нова опција за запознавање

Социјалната мрежа Фејсбук меѓу своите вработени тестира посебна опција за запознавање, засега позната како „Facebook darting“. Се очекува новоста да биде интегрирана во Фејсбук, а не како посебна апликација.

Според информациите кои ги објави програмерката и истражувачка на кодови, Џејн Манчун Вонг, корисниците кои ќе сакаат да се вклучат во „Facebook dating“ ќе можат да видат други корисници кои се вклучени, но нема да мора да станат пријатели, освен ако сакаат.

На прв поглед „Facebook dating“ изгледа како повеќето апликации за наоѓање партнери кои веќе се достапни.

Корисникот се идентификува по пол (има и опција non-binary, што значи неутрален пол), избира кого сака да запознае и го избира градот во кој се наоѓа за системот да може полесно да предложи слободни личности во близина.

Не е познато кога оваа опција ќе стане достапна за корисниците, но Фејсбук уште претходно најави дека ќе прави тестирања и проверки што се однесува на безбедноста на корисничките податоци и приватноста.