„Фејсбук“ ќе известува за лажни вести на македонски јазик

Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук, компанијата оствари соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржината.

Денес беше најавено започнувањето на програмата за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Исто така, оваа програма започна и во регионот, односно Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и нејзино проширување во Хрватска.

Сите партнери на програмата се сертифицирани преку непартиска меѓународна мрежа за проверка на факти.

Откога проверувачот на факти ја рангира веста како лажна, Фејсбук ќе ја прикажува подолу во „Новости (News Feed)“, со што значително ќе се намали нејзината дистрибуција.

Со ваквиот потег, се спречува да се шири измамата и да се намали бројот на луѓе што ја гледаат веста. Страниците и домените што постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе имаат намалена дистрибуција и ќе се отстрани нивната можност за заработка и рекламирање. Исто така, откако објавата ќе е одбележана како лажна, „Фејсбук“ ќе ги предупредува луѓето што ја гледаат или се обидуваат да ја споделат објавата дека е одбележана како таква.

„Среќни сме што ја започнавме нашата програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Борбата против лажните вести е одговорност што ја сфаќаме сериозно, затоа постојано работиме на начини да помогнеме да се запре ширењето на дезинформациите на нашата платформа истакнала Софи Ајерс, менаџер за стратешки развој на „Фејсбук“.

Програмата е во согласност со тројната платформа за развој на софтвер апликации на „Фејсбук“ за подобрување на квалитетот и автентичноста на вестите во делот „Новости“, при што Фејсбук ќе ги отстранува профилите и содржината што ги кршат Стандарди на заедницата или политиките за рекламирање на компанијата.

Со тоа ќе се намали дистрибуцијата на лажни вести и неавтентична содржина како што е кликбејтот и ќе се информираат луѓето преку давање повеќе контекст на објавите што ги гледаат.

Фејсбук е платформата преку која луѓето во нашата земја најчесто наоѓаат, примаат и консумираат информации. Во комбинација со нашите напори да ги поттикнеме читателите да размислуваат критички за кредибилитетот на медиумите и селективно да пристапат кон изворите на информации, веруваме дека партнерството со ФБ е најефикасниот начин за борба против ширењето на погрешни и лажни информации“, нагласил Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.

Фејсбук има преку 70 партнери за проверка на факти на повеќе од 50 јазици на глобално ниво и секојдневно инвестира во начини за понатамошно развивање на овие напори.