Фејсбук ќе го тестира одамна бараното „dislike“ копче на Месинџер

Фејсбук одлучи да пушти пробна верзија од „dislike“ копчето, како одговор на барањата на неговите корисници.

Алатката е веќе пуштена во употреба за мал број на луѓе кои ја користат Месинџер апликацијата, кои сега можат да го користат во приватни пораки.

Фејсбук сака корисниците да користат емоџија на пораките на сличен начин како и алатката за „реакции“ на објавите.

Најголемата социјална мрежа претходно ги игнорираше барањата за „dislike“ копче, поради стравови дека алатката може да се користи како форма на злоупотреба, и би им наштетила на брендовите кои се рекламираат на Фејсбук.

Сепак, Фејсбук ова повеќе го смета за „не“ копче, кое сега се тестира како ќе биде користено, на пример за гласање на одредена тема во групни разговори.

„Секогаш тестираме начини да го направиме Месинџер позабавен и поангажирачки. Ова е мал тест во кој ќе им овозможиме на луѓето да споделат емоџи кое најдобро ги претставува нивните чувства во порака“, вели претставник на компанијата.

Фејсбук воведе реакции пред околу една година, а алатката се покажа многу популарна.

Повеќе од 300 милијарди реакции биле искористени досега, а „love“ е најчесто користената.