Фејсбук ќе ги предупредува корисниците колку време минуваат на мрежата

Технолошките компании изминатите месеци покажаа дека се многу позаинтересирани за да влијаат на лошите навики на своите корисници. Оттука, Фејсбук одлучи да воведе опција која ќе покажува колку време корисникот троши на оваа социјална мрежа.

Опција наречена „Вашето време на Фејсбук” не е најновиот изум во дигиталниот свет. Оперативните системи Androdi P и iOS 12 веќе им нудат на корисниците можност да проверат колку време трошат на нивните паметни телефони.

Новата функција на Фејсбук ќе им покаже на корисниците колку време секој ден поминуваат во прелистување мислења, коментирање или „лајкување“ објави. Оваа опција исто така ќе им понуди можност за ограничување на употребата на Фејсбук, што значи дека корисниците ќе бидат во можност да постават лимит на часови или минути во кои ќе бидат на Фејсбук, па социјалната мрежа ќе ги предупредува кога ќе претераат.

Фејсбук веќе потврди за странските медиуми дека работи на развивањето на оваа опција, но не и кога таа ќе биде достапна за корисниците.

Според неофицијални информации и Инстаграм, која е во сопственост нс Фејбук, исто така развива слична опција.