Фејсбук ја отстрани страницата „Прво Британија“ поради ширење исламофобија

Фејсбук ги отстрани страниците на анти-исламската група „Прво Британија“ и нејзините лидери.

Од социјалниот медиум велат дека групата ги злоупотребила стандардите на заедницата.

На почетокот од месецот, лидерот на „Прво Британија“ Пол Голдинг и Џејда Франсен, се притворени откако беа обвинети за религиско вознемирување.

Повеќе од два милиони луѓе ја „лајкнале“ нивната Фејсбук страница. Страниците на Голдинг и Франсен имаат исто така огромен број на следбеници.

Од Фејсбук велат дека одлуката за да ги отстранат страниците е донесена откако „Прво Британија“ ги игнорирала крајните предупредувања за објавување материјал што ги крши стандардите на заедницата.

На групата нема да и биде дозволено да отвори нова страница.

Фејсбук правел проценка на видеата и фотографиите кои поттикнувале омраза против муслиманите.

Премиерката Тереза Меј го поздравува овој чекор и се надева дека другите технички компани ќе го следат овој чекор.

„Нивните болни намери за поттикнување на омраза во нашето општество преку социјални медиуми се за осуда, а одлуката на Фејсбук за отстранување на нивната содржина е добредојдена”, рече градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

На својот блог, Фејсбук рече дека тоа е отворена платформа за сите идеи, но дека политичките гледишта треба да се изразат без омраза.

Компанијата за социјални медиуми вели дека го отстранува говорот на омраза против луѓето врз основа на нивната раса, религија, пол и други карактеристики.

Во документот за стандарди за заедницата стои: „Организации и луѓе посветени на промовирање на омраза против овие заштитени групи не им е дозволено присуство на Фејсбук”.

Твитер ги укина профилите на Пол Голдинг и Џејда Франсен откако новите правила за справување со злоупотреби влегоа во сила минатиот декември.