Фејсбук ја купи виртуелната реалност на Oculus

За две милијарди долари Фејсбук ја купува компанијата за виртуелна реалност Oculus, која е стара само две години и која ги произведува очила за виртуелни игри Oculus Rift.

Фејсбук ја купи виртуелната реалност на Oculus

Како што посочуваат аналитичарите, купувањето на Oculus е крупен чекор за Фејсбук во време кога се очекува голема промена во развојот на технолошката индустрија, односно кога потрошувачите се насочуваат од компјутерите кон паметните телефони.

Со оглед на тоа што очилата можат да се користат како уред за видео игри, од Фејсбук планираат да ја користат оваа технологија за комуникаци, но и за други форми на забава, објави Time.

Според Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук виртуелната реалност има потенцијал да биде новата голема компјутерска еволуција.

„Замислете дека ќе може да споделувате не само моменти со вашите пријатели онлајн, туку сите искуства и авантури“, вели Цукерберг.  Тој истакна и дека носењето на очилата на Oculus е „сосема поинакво од се останото што тој досега искусил“.

Претходно Фејсбук ја купи и компанијата која нуди услуги за праќање на пораки WhatsApp за 19 милијарди долари.