Фејсбук и Твитер не можат да цензурираат видео од самоубиство

Кејтлин Никол Дејви, 12-годишна девојка, си го одзеде животот минатиот месец. Две недели подоцна, луѓето се уште може да го гледаат видеото.

40-минутното прикажување на бесењето на девојката првично се појави на Live.me, мобилна апликација за пренос во живо, која е популарна меѓу тинејџерите. Видеото остана достапно на апликацијата, а подоцна беше прикачено и на Фејсбук и Јутјуб, но и на уште неколку страници.

Иако е тешко да се одреди потеклото на оваа грешка, јасно е дека Фејсбук е моќен дитстрибутер на видеа, особено на оние кои се снимаат во живо. Фејсбук се повеќе го олеснува создавањето и дистриубирањето на видеата со внесување на многу нови опции. Но, компанијата има пропусти во однос на мониторирањето и прецизирањето на своите правила. Дури и законите во случајов не може да помогнат во бришење на видеото.

Вчера Mashable објави за видеото од самоубиството кое било прикачено на Фејсбук четири дена претходно. Видеото имало предупредување дека содржи вознемирувачка содржина, односно предупредувањето кое според правилата на Фејсбук значи дека видеото може да се погледне, но во дискреција.

Кајл Мекдоналд, психотерапевт од Нов Зеланд, го погледнал видеото и го пријавил на Фејсбук. По неколку дена тој добил одговор: „Ние ја примивме објавата која ја пријавивте, поради прикажување на некој како самиот се повредува и откривме дека не ги прекршува ‘стандардите на заедницата’“.

Сепак, Фејсбук во изјава за Mashable изјави дека такво видео би требало да се острани од веб-страницата.

Фејсбук не е сам во борбата да спречува видеа кои ги прекршуваат стандардите за објава и споделување. Покрај ова, има уште многу други видеа во кои се прикажани последните моменти од нечии животи. Портпаролот на Јутјуб изјави дека страницата ја забранува содржината што го покажува моментот кога умира некој, или кога малолетник се самоубива.

Инаку, Фејсбук видеата се отстрануваат од вработено лице, а не автоматски.

Според стандардите на оваа социјална мрежа, од корисникот се бара пред да прикачи вакво видео да стави предупредување за вознемирувачка содржина. Сепак, системот на Фејсбук не фунцкионира.

„Сакаме да се избрише поради семејството, но може да биде штетно и за други деца. Ние ги контактиравме дек од страниците. Тие прашаа дали мора да ги избришат, но според закон тие не мораат. Сепак, се работи за пристојна работа да се направи, според мене“, рече Кени Дод, шеф на полицијата во Полк Каунти, Флорида.

Фејсбук одби да одговори на прашањето дали е во контакт со Дод, или други полициски службеници. Но, во изјавата напоменуваат дека оригиналното видео не било објавено кај нив.

Апликацијата каде е објавен првичниот пренос, ги контактирала Фејсбук и Јутјуб за да помогнат во остранувањето на видеото. Портпаролот на Live.me изјави:

„Ние сме длабоко потресени од трагичната смрт на нашиот корисник Кејтлин Никол Дејвис на 30 декември. Како почит кон нејзиното семејство, пријатели и целата Live.me заедница, нејзиниот профил и видеата се остранети најбрзо што можевме откако бевме предупредени, со цел да помогнеме во истрагата“.

Оттаму велат дека работат на откривање на изворите каде се уште циркулира видеото.