Фејсбук и Мајкрософт се правдаат за скандалот со прислушување

Фејсбук и Мајкрософт се правдаат за скандалот со прислушувањеВо скандалот со масовно прислушување од страна на американските тајни служби, дел од интернет гигантите кои им давале информации на властите сега преминуваат во офанзива, пренесува Дојче веле.

Феjсбук соопшти дека во втората половина на последната година примил помеѓу 9 и 10 илјади барања од американските власти, од кои би биле погодени меѓу 18 и 19 илјади профили на членови на оваа социјална мрежа.

Според Фејсбук, барањата биле поврзани со исчезнати деца, но и со закани со тероризам и вообичаени криминални случаи.

Адвокатот на Фејсбук, Тед Алајот, тврди дека Фејсбук „агресивно“ ги заштитува податоците на своите корисници и дека наводно тие често ги одбивале барањата од властите за податоците кои им биле барани.

Мајкрософт исто така објави дека во втората половина на 2012 година од барањата на властите, биле погодени околу 31.000 профили, пренесува Дојче веле.

Компјутерскиот експерт Едвард Сноуден минатата недела на весникот „Гардијан“ и на „Вашингтон пост“ им предаде документи за тајната програма на прислушување, Призма со чија помош американската тајна служба НСА, наводно имала широк пристап до податоците на корисниците на Фејсбук, Гугл, Мајкрософт, Епл, Јаху и АОЛ.