Фејсбук и Инстаграм вечерва недостапни за милиони корисници ширум светот

Милиони корисници ширум светот вечерва пријавија проблеми со користењето на популарните социјални мрежи како Фејсбук и Инстаграм, јавува „Индипендент“.

Само на платформата „Down Detector“ вечерва проблеми со Фејсбук пријавиле над 140.000 луѓе. Околу 57% од луѓето кои пријавиле проблем посочиле дека мрежата целосно не работи, додека 25% од нив пријавиле проблем при најавувањето.

Исто така, над 86.500 луѓе досега пријавиле проблем со мрежата Инстаграм, од кои 73% од нив посочиле дека имаат проблеми со времепловот.

Проблеми со апликацијата Месинџер пак, пријавиле нешто помалку од 6.000 луѓе.

Засега не е познато што е причината за ваквиот проблем.