Фејсбук и Инстаграм од утрово со проблеми при комуникацијата

Илајдници корисници на популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм утрово и пладнево јавуваат проблеми при интеракцијата со други луѓе. На Месинџерот на Фејсбук пишува „Нема интернет конекција“ или „Се конектира…“, па има проблеми при праќање на пораки до други виртуелни пријатели.

Преку платформата „Down detector“, проблеми со Фејсбук месинџерот јавуваат луѓе од Јапонија, Унгарија, Бугарија, Тунис, САД, Холандија, Италија, Непал, Кипар, Полска, Тајланд, Романија, Британија…

Најголем дел од граѓаните (55%) пријавиле проблеми со примање пораки, 30% со конекција на серверот и 13% при логирање.

Радио МОФ предложува корисниците да се префрлаат на m.facebook.com, како алтернатива, за да можат да праќаат пораки, но со постојано „освежување“ на страната додека комуницираат со пријателите и соработниците.