„Фејсбук“ и „Инстаграм“ ги згаснаа профилите на Трамп

По нередите во Вашингтон, профилите на Доналд Трамп на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ се блокирани на неодредено време.

Марк Закерберг изјавил дека претседателот ги користел платформите за да иницира насилство против демократски избрана власт.

Профилите на Трамп ќе бидат отстранети на неопределен рок или најмалку две недели додека не се случи предавањето на претседателската фунција на новоизбраниот кандидат Џо Бајден. Сепак, Закерберг не дал објаснување како „Фејсбук“ ќе одлучи дека Трамп ќе може повторно да ги користи социјалните платформи.

Ваквата одлука била донесена бидејќи „Фејсбук“ верува дека ризикот од дозволувањето претседателот да ги користи платформите моментално е многу голем.

Адам Мосери, одговорното лице на „Инстаграм“ преку својот „Твитер“ профил соопштил дека „Инстаграм“ исто така ќе го блокира профилот на Трамп.

„Поради моменталната состојба и фактот дека претседателот ги поддржа наместо да ги осуди вчерашните насилства во Конгресот, ние ќе ја продолжиме блокадата на неговиот профил на неопределен рок или најмалку во рок од две недели“, соопшти тој.

Социјалните мрежи, вклучувајќи го и „Фејзбук“ беа под притисок да го блокираат Трамп поради неговите објави.

Крис Сака, инвеститор, изјавил дека Закерберг и директорите на „Твитер“ се виновни за нередите во Вашингтон, додавајќи дека профилите на претседателот треба да се згаснат.

Се’ досега, и „Фејсбук“ и „Твитер“ дозволуваа Трамп да објавува пораки на мрежите, кои доколку беа објавени од други корисници, брзо би биле цензурирани или комплетно отстранети.

Закерберг нагласил дека таквата одлука била донесена за да се заштити пристапот до политички говор, дополнувајќи дека иако таквата одлука е контроверзна, сега ситуацијата е различна.

„Во изминатите неколку години, дозволивме претседателот Трамп да ги користи нашите платформи според нашите правила, а одвреме-навреме ја отстранувавме содржината или ги означувавме објавите кои беа против нашите политики“, пишал Закерберг во својата објава.

„Нашата одлука се темелеше врз верувањето дека јавноста има право на најширок пристап на политички говор, дури и контроверзни политички ставови. Но моменталниот контекст е фундаментално различен и вклучува користење на нашите платформи за иницирање на насилство кон демократски избраната влада“, дополнил тој.

Профилите на Трамп првично беа згаснати на еден ден, како одговор на неговите објави каде тој ги пофали немирите, но и поради објавеното видео во кое тој вели дека ги сака лицатакои упаднаа во Конгресот и ги смета за посебни.

„Фејсбук“ профилот на Трамп има над 33 милиони следбеници и е јавен, но претседателот нема да може да објавува нова содржина. Истото ќе се случи и со неговиот „Твитер“ профил, каде претседателот има 25 милиони следбеници.

Извор: Independent