Фејсбук блокиран во Ерменија после немири во главниот град

Фејсбук блокиран во Ерменија после немири во главниот град

Фејсбук денес бил блокиран во Ерменија, објавија жителите преку Твитер.

Само еден ден откако Твитер беше згаснат во Турција поради неуспешниот воен удар, социјалните медиуми повторно се мета на владите, после немири во главниот град на Ерменија, Ереван.


Ерменската безбедносна служба објави дека вооружени мажи обиле полициска станива во Ереван во неделата и држеле заложници. Моментално се преговара со групата, која повикува на ослободување на Џираир Сефилијан, кој бил уапсен во јуни. Сефилијан е опозициски активист и критичар на ерменскиот претседател Серж Саргсијан.

Изутринава новинари и граѓани на Ерменија преку Твитер за да објават дека Фејсбук е блокиран.