Фејсбук би можел да брише фотографии од телефонот, за да наметне своја фото-апликација

Фејсбук би можел да избрише цела група фотографии на од телефонот, иако корисникот и не знае дека ги има ти слики. Причината за ова е што ваквите фотографии се кријат во приватната „синхронизирана секција од телефон”, а се дел од сликите на профилот на Фејсбук. Ваквата папка ФБ ја создаде во 2012 година, кога понуди опција за автоматско испраќање на сите фотографии направени со телефонот во приватна папка, а со цел да се направи полесно нивното споделување подоцна, јавија светските медиуми.

Меѓутоа, сега Фејсбук се обидува да ги охрабри корисниците да ја користат апликацијата „Moments“ за да ги споделуваат старите фотографии, па оваа функција ќе биде отстранета заедно со приватната папка со сите фотографии. Апликацијата беше лансирана во јуни 2015 година и нуди поприватни начини за споделување на фотографиите, излегувајќи во пресрет на потребите на корисниците кои сакаат на социјалната платформа да ги споделат своите фотографии, но не во јавна објава.

Наместо автоматско синхронизирање на сé во само една папка, моменти „Moments“ ги скенира фотографиите, ги организирање според настаните, но и ги идентификува на нив лицата на пријателите.

Обидите на Фејсбук да влијае врз однесувањето на корисникот не е новина. Ова се случи и кога мрежата ги принуди корисниците да ја вклучат апликацијата Messenger ако сакаат да ги чиаат пораките од своите пријатели.