Фејми Даут од „Медена земја“ ќе зборува на ENGAGE 2020

Фејми Даут, кинематографот на „Медена земја“ ќе биде еден од говорниците на конференцијата за социјален активизам ENGAGE 2020.

Даут е роден во Скопје во 1980 година. Од 1998, почнал да работи во националната телевизија „Канал 5“, а после две години, започнал со студии на Факултетот за драмски уметности во отсекот за кинематографија. Дипломирал во 2005 година и оттогаш работи на назависни филмови и соработува со видео продукции ширум Балканот, како директор на фотографија и како прв асистент на камера. Во 2019 година, Фејми ја доби наградата за најдобра кинематографија на филмскиот фестивал „Санденс“ за филмот „Медена земја“, како и наградата за „Најдобар документарец“ според Американското здружение на кинематографи.

По големиот успех на „Санденс“, „Медена земја“ освен за најдобар документарец, доби оскаровска номинација и за „Најдобар странски филм“ токму поради кинематографијата и отстапките од документаристиката.

На ENGAGE 2020 ќе зборува на темата „Медена земја – од Бекирлија до Лос Анџелес, како пчелите пренесоа порака со глобални вредности“, фокусирајќи се на филмскиот процес на работење, искуствата и лекциите што ги научил при снимањето на документарецот кој ја заслади македонската јавност.

Инаку, деветтото издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2020 ќе вклучи ќе се одржи на 22-ри февруари со почеток во 12:00 часот во МКЦ. Домашни и странски активисти ќе бидат говорници на разни теми како дигитална демократија, животна средина, иднината на образованието и медиумите, како и правата на ЛГБТИ заедницата и граѓанската ангажираност.

Во меѓувреме, регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 300 пријавени учесници за конференцијата.

За да ја проследите конференцијата, може да се регистрирате тука.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.