Фејсбук анкета: Се истражуваат навиките и однесувањето на корисниците во Македонија

AllWeb - прва конференција за интернет маркетинг и онлајн ПР  Започна реализацијата на првото сеопфатно истражување за навиките, ставовите и однесувањето на Фејсбук корисниците во Македонија. Истражувањето се спроведува според стандардизирана меѓународна методологија која ќе обезбеди репрезентативна студија, прва од ваков вид во земајта.
 
Овој проект партнерски го реализираат Агенција Рејтинг и NewMediaMK а резултатите ексклузивно ќе бидат презентирани резултатите на 15 ноември оваа година во рамките на AllWeb конференцијата за онлајн пр и интернет маркетинг. 
 
Прашалникот веќе е поставен на интернет, а ова е ЛИНКОТ до истражувањето.