ФЕИТ добива две фотоволтаични централи

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, од денеска започнуваат со работа две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 КW.

Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на Факултетот.

Проект на ФЕИТ треба да придонесе за енергетска ефикасност на објектот, се заштедуваат средства, но и се придонесува кон заштита на животната средина и намалување на загадувањето.