ФБИ нема пристап до мобилниот на осомничен за трговија со дрога

Федерален судија вчера го одби барањето на Федералното истражно биро на САД, со кое технолошката компанија „Епл“ би била приморана да го отвори „Ајфонот“ на осомничен за трговија со дрога.

Пресудата, донесена вчера од судијата Џејмс Оренстин, го спречи обидот на Одделот за правда на САД да се здобие со пристап до телефонот на дилерот Џун Фенг, иако Фенг признал дека е виновен. Неговата пресуда ќе биде донесена во април.

Пресудата е донесена кратко пред „Епл“ и преставници на Одделот за правда да се „судрат“ во Конгресот, кој треба да пресуди дали Епл треба да ја намали заштитата со лозинки на „Ајфонот“ во сопственост на Сајед Фарук, еден од напаѓачите во Сан Бернандино.

„Епл“ смета дека барањето е неуставно, додека Департманот за правда смета дека „грижите на компанијата се само маркетиншки трик, и животите на луѓето се во опасност бидејќи вака полицијата и другите сили остануваат слепи“.

Извор: Guardian