ФБИ не може да најде хакери за вработување, бидејќи сите пушат марихуана

Две години после објавувањето на последната стратегија за вработување на експерти за сајбер безбедност на Федералното биро за истраги на САД, 40 проценти од работните места остануваат празни. Причината е, пред се, велат од агенцијата, што најголем дел од кандидатите консумираат „трева“, а не смеат.

„Федералното биро за истраги нема вработено 52 од 134-те компјутерски научници за кои добиле дозвола да ги вработат. Пет од 56 канцеларии немаат компјутерски инженер вработен за сајбер единицата задолжена за таа област“, пишува во последното истражување објавено на оваа тема.

Јазот помеѓу кандидатите и условите за вработување се очекува сѐ повеќе да расте, со оглед на предвидениот бум во работните места во сајбер безбедност, кои консултантите Фрост и Саливан тврдат дека ќе го надмине бројот на квалификувани експерти до 2020 година.

Предлог за нови извршни одлуки за сајбер безбедност беше објавен во Вашингтон Пост. Во него, се споменува ревизија на „развојот на работната сила“, кој се фокусира на промените на образовната програма и Департманот за образование.

Еден од најголемите проблеми за ФБИ, се чини дека е марихуаната.

Вработен во човечки ресурси објаснил дека иако 5000 лица аплицираат за одделот за сајбер безбедност на ФБИ, само окоу 2000 ги исполнуваат сите услови.

Проблемот со консумирањето марихуана беше потенциран од Motherboard на Vice во 2014 година, кога Џејмс Коми (директорот на ФБИ), прв пат го објави овој проблем.

„Треба да вработам голема работна единица за да бидеме конкуренција на сајбер криминалците, а некои од тие деца сакаат да пушат трева додека патуваат за интервјуто за работа“, изјавил Коми.

Подоцна има изјавено и дека е сосема строг во однос на користењето на марихуана, кога станува збор за вработени на ФБИ.

За вработување во ФБИ, сите кандидати мора да немаат користено никакви дроги во последните три години.

Сепак, истражување на Pew центарот во 2016 година дека 57 проценти од Американците поддржуваат легализација на марихуана, а поголем дел од поддршката не е ограничена само на помладите. Дури 56 проценти од „бејби бум“ генерацијата исто така ја поддржува легализацијата.

Дополнителен проблем за сајбер единиците во ФБИ, е што речиси сите вработени се мажи.

Според американските медиуми, само 11 проценти од вработените се жени, што е дури и помалку од стапките кои ги има споредливата, но сепак доминирана од мажи индустрија на компјутерска технологија.

Дополнително, на секое ниво на вработување, жените се платени помалку во просек од нивните колеги мажи.