Фасцинирачки фотографии на Toshio Shibata инспирирани од водата

Јапонскиот фотограф Toshio Shibata е фасциниран од водата, односно од начинот на кој таа е во интеракција со објектите направени од човекот. Во последните неколку години од неговото 40-годишно искуство, тој ја истражува оваа поврзаност на различни начини визуелно предизвикувајќи го нејзиниот брз звук.

Секоја од фотографиите на Shibata претставува различен начин на човечка интервенција во природниот тек на водата, голем дел од нив се секојдневни инженерски проекти на кои ретко помислуваме. Shibata, првично студирал на Универзитетот за уметност во Токио сликање со масло на платно.

Подоцна, во 1975 година добил стипендија да студира на Кралската академија за уметност во Гент. Оттогаш, тој започнал да работи со камера патувајќи низ Европа. Во 1979, година тој се вратил во Токио по што започнал да се фокусира на тоа како јапонската инфраструктура реагира на природните национални пејзажи.

Целата галерија може да ја видите ОВДЕ.