Фармацијата и техничките науки – најинтересни за идните студенти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Фармацијата и техничките науки - најинтересни за идните студенти на УГДСо голем интерес идните студенти ги посетија отворените денови на универзитетот „Гоце Делчев“ за подобро да се информираат за условите за студирање и  животот во Штип. Матурантите прашуваа за студиските програми, за професорите, како и за можностите што ги нуди подоцна УГД за нивно вработување.

Фармацијата и техничките науки - најинтересни за идните студенти на УГДЕкипата на Медиа/арт клубот „Актив“ од Штип, го посети универзитетот и разговараше со младите луѓе кои се заинтересирани своето образование да го продолжат на УГД. Најинтересна професија за анкетираните е фармацијата, но голем беше интересот и за техничките науки.

Во продолжение може да слушнете дел од изјавите на идните академски граѓани.

Anketa od studenti by Radio Mof on Mixcloud