Фановите на „Suicide Squad“ отворија петиција да се укине „Rotten Tomatoes“ поради лошите критики за филмот

Кога првите критики за „Suicide Squad“ беа објавени во вторникот, на интернет започна глобална дебата. Официјалните критики се негативни, а рејтингот на „Rotten Tomatoes“ од корисници кои веќе го гледале падна на само 35 проценти.

Затоа, група на „вистински“ обожаватели на филмот отворија петиција за „Rotten Tomatoes“ да биде сосема избришана од интернет. Петицијата беше потпишана од дури 10000 луѓе во една ноќ. Во неа се бара веб страницата за филмска критика да биде избришана, бидејќи „нејзините критичари“ даваат „неправедни“ критики за филмовите на „DC Comics“.

Ова е очигледен потег на оние кои веруваат во теорија на заговор дека Дизни и Марвел подмитиле луѓе да даваат лоши критики за филмовите на DC, пишуваат медиумите. Во петицијата не се напоменува и дека „Rotten Tomatoes“ е сајт-агрегатор на критики од корисници, ниту дека поранешните филмови на DC, како „The Dark Knight“ трилогијата и „Watchmen“ добивале одлични оценки.