Фановите на Игра на тронови започнаа вирален тренд #АрјаПредизвик

Предупредување: Текстот содржи спојлери од последната епизода (S08E03) на серијата Игра на тронови.

 

Во интернет сферата пристигна #АрјаПредизвик (#Aryachallenge) нов тренд на вирални видеа од страна на фановите на телевизиската серија Игра на тронови.

Се работи за најчесто комични видеа од луѓе кои со разни предмети се обидуваат да го реконструираат потегот на Арја Старк од последната епизода на серијата.

Корисниците на Твитер се инспирирани од епизодата „Долгата ноќ“, која премиерата ја имаше овој викенд, односно сцената во која Арја на специфичен начин го префрла ножот од едната во другата рака и го убива главниот негативец, Ноќниот крал.

Во продолжение ви пренесуваме некои од највпечатливите видеа од предизвикот:

Само за споредба, еве ја и вистинската сцена од последната епизода на Игра на тронови: