Фановите на „Бешикташ“ го „поплавија“ стадионот со плишани играчки за децата погодени од земјотресите

Фудбалските фанови на „Бешикташ“ фрлија илјадници плишани играчки на теренот за време на натпреварот меѓу „Бешикташ“ и „Анталијаспор“, пренесува „Гардијан“.

Плишаните играчки ќе бидат донирани за децата кои се погодени од земјотресите во Турција и Сирија.

Фудбалскиот натпревар, се одржа во рамки на Турската фудбалска суперлига. Натпреварот бил стопиран по четири минути, за навивачите да ги фрлат играчките на теренот.

Земјотресот ја погоди Турција, рано наутро на 6 февруари.

„Нашите фанови фрлија марами, беретки и плишани играчки на стадионот „Водафон Парк“, кои ќе бидат подарени на децата погодени од земјотресот. Сакаме да ги развеселиме“, изјавија од „Бешикташ“ во соопштение.

 

Фото: Гардијан