Faith No More имаат нов албум, прв по 18 години

Американскиот бенд Faith No More го издаде својот нов албум, „Sol Invictus“ (Неосвоиво сонце), кој засега е достапен за преслушување на веб-страницата на магазинот NME. Ова е прво издание на групата по 1997, кога излезе нејзиниот албум „Album Of The Year“. Бендот се распадна во 1998, но се реоформи во 2009 и оттогаш Faith No More Настапуваат активно по турнеи и концерти низ светот.

Новиот албум, кој содржи десет песни, според зборовите на фронтменот Mike Patton, е направен со влијанија од The Cramps, Link Wray и Siouxsie And The Banshees. Продуцент е басистот на бендот, Bill Gould, а изданието е снимено во студиото на Fauth No More во Оукленд, Калифорнија.